Home » Активности » “ACCOMPANY ME“

“ACCOMPANY ME“

“ACCOMPANY ME“ – е името на проектот од Еразмус+ програмата во кој како партнер учествува и ССОУ „Моша Пијаде“ , заедно со партенери од Норвешка, Естонија и Германија. Во периодот 4-12 март, се одржа првата мобилност. Учениците беа домаќини на 12 ученика од партнерските земји кои заедно со своите професори работеа на тема: Како да се подготват за аплицирање на работно место. Стекнуваа нови вештини на работилниците, ја посетија компанијата AUTO CEM – Opel, Универзитетот на Југоисточна Европа, имаа еднодневна екскурзија во Скопје, се дружеа, разменуваа искуства и учествуваа на натпревар во интервју за работа и на крајот заедничка забава после која тешко можеа да се разделат едни од други. Настанот претставуваше одлична можност учениците да стекнат нови пријателства, да учат едни од други и да го подобрат изговорот на англискиот јазик.

241721521438