Home » Активности » Центри на кариера во акција

Центри на кариера во акција

активност: Посета на Универзитетот на југоисточна европа – презентација на новите програми на Факултетот за современи науки

 

Идеја

Поттикнати од информацијата, прочитана на веб страната на Универзитетот на југоисточна, дека се акридетирани нови наставни програми кои ќе опфаќаат работа и стипендирање на студентите од страна на компанија во текот на студирањето, се дојде до идеја да се организаира посета на презентација на програмите во организација на сите Центри за кариера на ниво на општина Тетово.

Цел

Поддржување на програмите кои нудат можност и за работа во текот на студирањето и запознавање на матурантите со таквите програми.

Организација

На 16.04.2013 се одржа состанок на одговорни наставници од центрите за кариера  од следните училишта:

  • ССОУ „Моша Пијаде“ – Тетово
  • Медицинско училиште „Никола Штејн“ – Тетово
  • ДСЕУ „8ми Септември“ – Тетово и
  • СУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово

 

На состанокот се презентираше идејата и едногласно беше прифатена од сите ученици на состанокот.

 

Насоките кои беа усвоени содржеа: секој ЦК да определи ученици – организатори и да организира превоз до објектот на Универзитетот.

Тек на активноста

18.04. Учениците од ССОУ Моша Пијаде како најблиску до објектот беа одговорни за пречек на останатите учесници. Во 11 часот сите ученици пристигнаа на договореното место и се упатија кон местото за презентација. Програмите беа презентирани од Азир Алиу – професор и Марика Апостолова Трпковска – асистент на факултетот за современи науки.

2013-04-18-400 2013-04-18-387 2013-04-18-392 2013-04-18-396

 

18.04.2013