Home » Струки » Сообраќајна струка » Техничар за патен сообраќај

Техничар за патен сообраќај

Подрачја со кои се занимава:

  • Планирање, организација и контрола на транспортот
  • Одржување на моторните возила
  • Безбедност во сообраќајот
  • Планирање на паркинг системи
  • Манипулирање и складирање на стоката
Кои се неговите работни задачи
  • Планирање, организација и контрола на транспортот
    - Планирање, подготовка, организација и контрола на работата на возниот парк и возачите на моторните возила. Изготвува планови и секојдневно го следи искористувањето на работното време на возниот персонал. Подготвува документација и води евиденција поврзана со возниот парк, возниот персонал и патниците, ја обработува и чува документацијата. Остварува комуникација со корисниците на превозните услуги. Ја следи реализацијата на планираниот обем на превоз. Ги испитува и следи промените на транспортниот пазар. Планира и спроведува снимање на сообраќајните текови, протокот на патници и планира и спроведува соодветни анкетирања во врска со патувањата.
  • Одржување на моторните возила
    - Го следи користењето на возниот парк и ги планира предвидените прегледи на возилата. Изготвува планови на сервисирање, нега, тековни и генерални поправки на возниот парк.
  • Безбедност во сообраќајот
    - Учествува во вршење увид при сообраќајни незгоди, врши обработка на документацијата од увидот и ја доставува до правосудните органи. Врши статистичка обработка. Планира и спроведува проверка на знаењето од областа на безбедноста во сообраќајот во транспортните претпријатија. Учествува во планирање при поставување на сообраќајна сигнализација.
  • Планирање на паркинг системот
    - Го планира користењето на паркинг местата и го следи начинот на користењето на паркинг просторот.
  • Манипулирање и складирање на стоката
    - Ги познава современите транспортни барања и современите методи на амбалажирање на стоката, обавува активности за подготовка на стоката за транспорт. Ги познава основните карактеристики на стоката која се јавува при транспортот и врши избор на претоварна механизација. Поседува основни познавања поврзани со интегралниот, комбинираниот, мултимодалниот и интермодалниот транспорт.

Што изучува

Основи на сообраќај и транспорт, превозни средства, сообраќајна инфраструктура, логистика, технологија на ракување и складирање на товарот, безбедност и регулирање во патниот сообраќај, експлоатација на патни возила, автобази и автостаници, организација на патниот сообраќај.

Каде може да работи

На автобуски станици и патни терминали, во пртпријатија кои се занимаваат со превоз на патници и транспорт на стока во градскиот, приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај, во складиштата на патните товарни терминали и претпријатија, во сообраќајна полиција, во работилници за технички преглед и одржување на возилата.

Што треба да поседува

Добри организаторски способности, совесност и посветеност во работата, смиреност и висока способност за комуникација.

Каде може да го продолжи образованието

Сообраќаен факултет, Машински факултет, Економски факултет и други технички факултети.

Наставен план

Времетраење на образованието: четири години

Ред.број

Програмски подрачја и наставни предмети

Година и фонд на часови

Заст.

во %

I

II

III

IV

нед.

год.

нед.

год.

нед.

год.

нед.

год.

I – IV

1.

ОПШТО ОБРАЗОВАНИЕ

 

 

 

 

 

 

 

а)

Заеднички предмети

13

468

11

396

9

324

11

363

1. (1)

 

(2)

Македонски јазик и литература, а за учениците од другите заедници: албански јазик и литература, турски јазик и литература или српски јазик и литератураМакедонски јазик и литература за учениците од другите  заедници

3

(2)

108

(72)

3

(2)

108

(72)

3

(2)

108

(72)

3

(2)

99

(66)

1.2.

Странски јазик

2

72

2

72

2

72

2

66

1.3.

Бизнис

-

-

-

-

2

72

2

66

1.4.

Информатика

2

72

2

72

-

-

-

-

1.5.

Историја

2

72

-

-

-

-

-

-

1.6.

Историја на Македонија

-

-

2

72

-

-

-

-

1.7.

Граѓанско образование

-

-

-

-

-

-

2

66

1.8.

Спорт и спортски активности

2

72

2

72

2

72

2

66

1.9.

Музичка култура

1

36

-

-

-

-

-

-

1.10.

Ликовна уметност

1

36

-

-

-

-

-

-

б)

Предмети во функција на струката

7

252

5

180

2

72

2

66

1.11.

Математика

3

108

3

108

2

72

2

66

 

1.12.

Физика

2

72

2

72

-

-

-

-

 

1.13.

Хемија

2

72

-

-

-

-

-

-

 

Вкупно часови за општо образование (а+б)

20

(22)

720

(792)

16

(18)

576

(648)

11

(13)

396

(468)

13

(15)

429

(495)

2121

49%

2.

СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

а)

Заеднички предмети за струката

12

432

6

216

-

-

-

-

2.1.

Основи на сообраќајот и транспортот

2

72

-

-

-

-

-

-

2.2.

Превозни средства

2

72

-

-

-

-

-

-

2.3.

Сообраќајна инфраструктура

3

108

-

-

-

-

-

-

2.4.

Техничко цртање со нацртна геометрија

3

108

-

-

-

-

-

2.5.

Сообраќајна географија

2

72

-

-

-

-

-

-

2.6.

Логистика

-

-

3

108

-

-

-

-

2.7.

Технологија на ракување и склад.на товарот

-

-

3

108

-

-

-

-

б)

Предмети карактеристични за образовниот профил

-

-

2

72

12

432

10

330

2.8.

Безбедност и регулирање во патниот сообраќај

-

-

-

-

3

108

3

99

2.9.

Експлоатација на патни возила

-

-

2

72

3

108

-

-

2.10.

Автобази и автостаници

-

-

-

-

3

108

3

99

2.11.

Организација на патниот сообраќај

-

-

-

-

3

108

2

66

2.12.

Психологија и култура во сообраќајот

-

-

-

-

-

-

2

66

Вкупно часови за стручно образование (а+б )

12

432

8

288

12

432

10

330

1482

34%

3.

ПРАКТИЧНА ОБУКА

 

 

 

 

3.1.

Практична настава

-

  -

4

144

5

180

4

132

3.2.

Феријална практика

10 дена

15 дена

Вкупно часови за практична обука

-

-

4

144

5

180

4

132

456

11%

4.

ИЗБОРНА НАСТАВА    

 

 

 

4.1.

Безбедност и регулирање во патниот сообраќај

-

-

-

-

2

72

2

66

4.2.

Автобази и автостаници

-

-

-

-

2

72

2

66

4.3.

Организација на патниот сообраќај

-

-

-

-

2

72

2

66

4.4.

Практична настава

-

-

-

-

2

72

2

66

4.5.

Математика

-

-

-

-

2

72

2

66

4.6.

Физика

-

-

-

-

2

72

2

66

Вкупно часови изборна настава

-

-

-

-

4

144

4

132

276

6%

ВКУПНО ЧАСОВИ (1+2+3+4)

32

1152

28

1008

32

1152

31

1023

4335

100 %

5.

Факултативна настава

-

-

-

-

-

-

-

до 66

 

6.

Слободни часови на училиштето

-

до 72

-

до 72

-

до 72

-

до 66