Home » Соопштение » Соопштени

Соопштени

Им се соопштува на сите ученици дека на 19 и 20 Април ќе се одржува Образовно рандеву – МАССУМ. Во него ќе учествуваат ученици од многу училишта во државава. Организатор на настанот е Економското училиште „8 Септември“ од Тетово. Нашето училиште исто така учествува на настанот.

 

Поради големата заинтересираност за натпреварот пријавени се голем број на учесници. Затоа по барање на организаторот сите ученици кои се спремни да примат ученик “гостин“ да се пријават во канцеларијата на психологот на ССОУ Моша Пијаде.

 

ПС: Искористете ја можноста да стекнете нови пријателства.