Home » За нас

За нас

Лоцирани во северозападниот дел на Република Македонија, на долниот дел на плодната Полошка Котлина помеѓу падините на Шара, Влајница, Жеден и Сува Гора се простира Општината Тетово со околу 180 000 жители и потесно градско подрачје со 65 000 жители од кои 23 255 се работно активно население.

Средното стручно општинско училиште “Моша Пијаде” е лоцирано од левата страна на западната магистрала Тетово-Гостивар, во близина на индустриската зона на градот. Во училиштето се образуваат кадри од западниот регион на државата: Гостивар, Дебар, Македонски Брод и други градови.

Новата зграда

Старата реновирана зграда

Физиономијата на градот и околината ја одредуваат современите стопански движења со клучните индустриски објекти, преку земјоделските и другите стопански дејности и установи чиј број не е за запоставување и изнесува 3873 од кои: индустрија и рударство со 317, земјоделство, шумарство и водостопанство со 38, градежништво со 186, сообраќај и трговија со 150, трговски дејности-2290, угостителство и туризам-232, занаетчиство и лични услуги-232, стамбени и комунални дејности-6, финансиско-технички услуги-158 и образование и наука-154 дејности.

DSC018151

Во последните години, економијата на територијата на Општина Тетово бележи зголемен раст. како најразвиени дејности се: индустријата за преработка на дрво за производство на мебел, градежништвото и градежните материјали, земјоделството, текстилна, прехрамбена  индустрија и др. Од економските субјекти во тетовскиот регион, 98% отпаѓаат на малите и средни претпријатија, а само 2% на големите претпријатија. Наведените сектори со нивните капацитети и технологии се конкурентни низ целиот Балкан.

Поради широко развиената мрежа на дејности во локалната и рагионалната средина и перспективните потреби и можности, е и основата на оправданоста во постоењето на училиштето и образувањето на ученици од повеќе профили во рамките на струките: машинска, сообраќајна, земјоделска-ветеринарна, угостителско-туристичка и електротехничка струка.