Home » Проект » Врснички активности за учење со училишта во Македонија

Врснички активности за учење со училишта во Македонија

Екипата на училиштето имаше средба за реализација на врсничка посета. Главна тема на состанокот беше изборот на домаќин училишта. Беше констатирано дека училиштата мора да бидат различни во начинот на организација и поставеност. Од базата на партнерските училишта беа избрани 2 училишта, меѓу нив и Ѓорче Петров од Крива Паланка. Причината за селекција беше дека ова училиште се наоѓа во средина која е хомогеноа и поради тој факт беше одбрано да се разменуваат искуства и добри практики меѓу двете училишта. Се воспостави контакт со претставниците на училиштето и дневниот ред беше поставена од страна на тимовите.

11248410_1090197707663234_1383835585_o

Претставниците од училиштето го претставија проектот и резултатите што нашето училиште ги здоби од самиот проект. Се дискутираше за инклузивни, добри и лоши, практики во училиштето домаќин. Заклучокот беше дека училиштето спроведува инклузија но не постои политика, која го организира процесот на инклузија во пракса. Екипата споделе документи и насоки од минатите обуки и реализација на работилници за индивидуален образовен план.

EEE